СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(49) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 02.03.2021 при извршен претрес во дом и помошни простории, сопственост на пријавениот, се пронајдени ловна пушка „ИЖ модел 43 Е 12 мм“, неважечка дозвола за носење и поседување на огнено оружје и шест куршуми од 12 мм.