На 25.05.2023 во 19:50 часот било пријавено дека во с.Ново Село, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу З.А.(42) и Р.В.(38), двајцата од истото село.
При пресметката Р.В. со остар предмет му нанел повреди на З.А.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.