вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Повреден возач откако излетал со автомобилот од пат

Повреден возач откако излетал со автомобилот од пат

На 31.08.2022 во 08.10 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на „Владимирска крстосница“, патничко моторно возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.С.(62) од Берово, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.