среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Повредени 2 лица од Холандија: Со „мерцедес“ излетале од коловоз кај Миладиновци

Повредени 2 лица од Холандија: Со „мерцедес“ излетале од коловоз кај Миладиновци

На 19.03.2022 во 08,30 часот на автопат Куманово-Скопје во близина на село Миладиновци, се случила сообраќајна несреќа во која А.Д.Л.(21) од Холандија, управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со холандски национални ознаки излетал од коловозот.

А.Д.Л и неговиот сопатник К.П.С. (27) од Холандија биле пренесени во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде од доктор кај К.П.С. била констатирана повреда, додека кај А.Д.Л. констатирана е тешка телесна повреда.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.