сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ПОВРЕДЕНИ 7 ЛИЦА: Тешка сообраќајка кај населба Три Чешми

ПОВРЕДЕНИ 7 ЛИЦА: Тешка сообраќајка кај населба Три Чешми

На 11.05.2023 во 19.45 часот на патот Штип-Велес било пријавено дека кај населба Три Чешми се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фиат стило“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.С.(53) од с.Ерџелија-Свети Николе, и патничко моторно возило “форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.З.(63) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.З. а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото “фиат стило“ Б.Ј.(45), Б.С.(37), Д.С.(40) сите од Свети Николе, како и сопатниците од другото возило В.П.(60), С.Д.(18) и А.Р.(43) сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.