среда, 3. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Повредени две лица, со автомобил излетале од пат

Повредени две лица, со автомобил излетале од пат

На 27.02.2022 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје-Велес, во атар на нас.Дрма, патничко моторно возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(53) од Кочани, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Ж.М.(55) од Кочани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.