На 23.11.2022 околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“, во близина на клучка Ченто, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(33) од Скопје и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатничката од возилото „рено“, А.Н.(67) од Скопје и возачот и сопатничката во возилото „сеат“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.