среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Повредени возач и двајца малолетни сопатници од Кратово- излетале со возило во Куманово

Повредени возач и двајца малолетни сопатници од Кратово- излетале со возило во Куманово

Денеска (12.08.2023) во 04.40 часот било пријавено дека во Куманово, на патот кој води до с.Проевце, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(25) од Кратово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Кратово, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.