вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ПОЖАРНИКАРИТЕ ГИ ИЗВЛЕКУВАЛЕ ОД СМАЧКАНИОТ АВТОМОБИЛ – сообраќајна несреќа на овој патен правец, возилото завршило во нива

ПОЖАРНИКАРИТЕ ГИ ИЗВЛЕКУВАЛЕ ОД СМАЧКАНИОТ АВТОМОБИЛ – сообраќајна несреќа на овој патен правец, возилото завршило во нива

Две лица се повредени во сообраќајка која се случи попладнево во 17:30 часот на локалниот пат кон селото Добрашинци, откако автомобилот со кој се превезувале завршил во нива покрај коловозот.

Сообраќајката ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека сè уште трае увидот од страна на полицијата

Повредените од автомобилот биле извлечени од пожарникарите, кои ги предале на екипа на итната медицинска помош и се пренесени во струмичката болница.