сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Позитивен на корона излажал дека ќе оди на лекар, завршил во кафеана во Македонски Брод

Позитивен на корона излажал дека ќе оди на лекар, завршил во кафеана во Македонски Брод

ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против Д.Р.(26) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

На 07.02.2022, пријавениот се јавил во дежурната служба во ОВР Македонски Брод, кажал дека е позитивен и дека има потреба од лекарска помош, поради што ќе се упати на лекар.

Но, наместо тоа, тој отишол во угостителскиот објект во Македонски Брод.