Полицијата го утврди идентитетот на жената која околу пладне беше прегазена од автобус на ЈСП на булеварот „Крсте Мисирков“ во правец од Чаир кон Центар.
Како што информираат од полицијата станува збор за пешакот Е.А. на возраст од 89 години од Скопје.
-Од здобиените повреди жената починала на местото на настанот. Констатирана била смрт од страна на лекар од итна медицинска помош. Увид на местото на настанот е извршен од страна на екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје во присуство на јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е дадено за обдукција, информираат од МВР.