петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Позната казната за девојките кои претепаа соученичка во Неготино, кривична за обезбедувањето

Позната казната за девојките кои претепаа соученичка во Неготино, кривична за обезбедувањето

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе Известување до Основното јавно обвинителство против три малолетни лица на возраст од 13, 14 и 15 години сите три од Неготино, ученички во Основно училиште “Гоце Делчев” во Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено  кривично дело „насилство“, казниво по член 386 став 2 од КЗ на РМ, информираат од МВР.

Од полицијата посочуваат дека малолетничките кривичното дело го сториле во два наврати на 11.04.2018 година при што физички нападнале 14 годишна ученичка од истото училиште и нанеле телесни повреди.

-Во врска со истиот настан  поднесена е и кривична пријава против Р.А.(31) од Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено  кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353 в став 1 од КЗ на РМ. Имено пријавениот на 11.04.2018 година, на работното место обезбедување на училиштето од агенција за обезбедување “SOS”, не ги извршувал дејствијата за кои бил должен да ги извршува, информираат од МВР.