По претходна расправија поради љубовна врска, Ѓ.К.(30) од с.Шемшево, предизвикала сообраќајна незгода.
Несреќата, информира МВР, се случила вчера во 22:30 часот, за времетраење на полицискиот час на локалниот пат помеѓу тетовските села Палиште и Стримница.-
Ѓ.К. управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, предизвикала сообраќајна незгода со патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(32) од с.Стримница. Притоа, двете возила излетале од коловозот и двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР.
Известен е Јавен Обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.