На 31.12.2020 во 16.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во место викано „Под брег“ во с.Горно Соње, Н.П.(52) и Т.Г.(40), двајцата од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, велат од полицијата.
-Претходно, Н.П. и Б.Г.(38) од Скопје започнале вербална расправија поради нерасчистени имотно-правни односи, при што Н.П. со тврд предмет физички го нападнал Б.Г., информира МВР.
Сочинет е записник за констатиран прекршок чл.11 од ЗППЈРМ.