Автомобил „Мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управуван од Д.И.(60) од с.Борово вчера околу 15.40 часот удрил во пешакот С.А.(67) од с.Градец, кривопаланечко.
Несреќата, информираат од МВР, се случила на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово.
-Во незгодата, С.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.55 часот починал, информираат од полицијата.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.