сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прегазено 10 годишно девојче, со тешки повреди пренесено во Ургентен

Прегазено 10 годишно девојче, со тешки повреди пренесено во Ургентен

С.А. (40) од тетовското село Доброште, вчера вечерта на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце управувајќи патничко возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во 10-годишно девојче од с.Теарце.

-Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Тетово каде и била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредите девојчето било префрлено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.