сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пријава против охриѓанец за противправно поставување лежалки и чадори за сонце на плажа

Пријава против охриѓанец за противправно поставување лежалки и чадори за сонце на плажа

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанецот Д.К. (32) и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Како што информира МВР, пријавениот, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, неовластено, на плажа на брегот на Охридското езеро, зазел површина од околу 70 квадратни метри, што со закон е определена како површина за општа употреба.

Тој на оваа површина противправно и без одобрение издадено од надлежен орган од Општина Охрид, поставил лежалки и чадори за сонце.