четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прилепчанец со автомобил излетал од пат, пренесен во болница со тешки повреди

Прилепчанец со автомобил излетал од пат, пренесен во болница со тешки повреди

На 02.07.2020 во 16.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, Ѓ.Г.(59) од Прилеп, управувајќи патничко возило „фолксваген венто“, со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, информира МВР.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.