сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прилепчанец тешко повреден откако излетал со автомобилот од патот Прилеп-Битола

Прилепчанец тешко повреден откако излетал со автомобилот од патот Прилеп-Битола

На 14.11.2020 околу 23,40 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, патничко моторно возило „фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Б.Б.(31) од Прилеп излетало од коловозот.

-Во незгодата Б.Б. се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани во Градската општа болница Прилеп, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.