сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Прилепчанец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Прилепчанец тешко повреден во сообраќајна несреќа
илустрација

На 08.08.2022 во 13.28 часот било пријавено дека во Прилеп на ул„Александар Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(63) од Прилеп и мопед “миглори“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(45) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.