четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прилепчанка удрена од автомобил, со тешки повреди пренесена во болница

Прилепчанка удрена од автомобил, со тешки повреди пренесена во болница

На 07.07.2021 во 21.40 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„Пере Тошев“, патничко возило „опел астра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(52) од Прилеп удрило во пешакот В.Н.(51) од Прилеп, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.Н., констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.