среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Притвор за младиот монструм: Силувал старица додека таа спиела во својот дом

Притвор за младиот монструм: Силувал старица додека таа спиела во својот дом

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот го сторил делото на 13 септември, во раните утрински часови, кога влегол во домот на оштетена во селото во кое престојувал додека таа спиела и врз неа извршил полов напад.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка денеска достави предлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека се исполнети законските основи.

Од полицијата информираа дека дваесет и пет годишниот А.В. од село Косевица, Општина Македонска Каменица извршил обљуба врз 81-годишна старица од Струмичко.