петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен агресивен скопјанец: Закани за поранешната сопруга, напад на полицајци

Приведен агресивен скопјанец: Закани за поранешната сопруга, напад на полицајци

На 11.04.2023 во 20:15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за семејно насилство при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Д.(35) од Скопје.

Како што информира МВР, тој упатил закани кон неговата 34-годишна поранешна сопруга, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и кај него биле пронајдени два ножа.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.