недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице во скопско поради пукање на семејна веселба

Приведено лице во скопско  поради пукање на семејна веселба
фото илустрацијаа

На 15.10.2022 во с.Волково, скопско, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода В.З.(53) од Скопје поради сомнение дека околу 18.20 часот во селото пукал на семејна веселба.

Кај него била пронајдена и одземена пушка „Застава M59/66“ калибар 7,62 x39 mm, додека на местото биле пронајдени повеќе чаури од испукани куршуми. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.