среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пукање пред пекара во Прилеп

На 30.05.2020 околу 20:30 часот во СВР Битола, 29-годишна жителка на Прилеп пријавила дека слушнала пукање пред пекара на ул.„Јоска Јорданоски“.

Полициски службеници излегле на местото и пронашле и подигнале една чаура од куршум од гасен пиштол.

Во разговор со полициските службеници пријавителката истакнала дека, додека поминувала тука со членови од семејството, забележала паркирано возило спроти пекарата, а кога поминале слушнале два истрели од возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.