Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 12.25 часот Р.С.(36) од скопско Батинци, пријавил дека во близина на гробиштата во село Батинци, додека се движел со неговото патничко возило „Ауди“ со швајцарски регистарски ознаки, лицето М.Џ. од село Батинци пукало со огнено оружје кон него, по што побегнало.
Р.С. не се здобил со повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје и на местото биле пронајдени две чаури, кои биле подигнати за натамошна постапка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.