На 11.03.2022 во 18.30 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода К.О.(26) од Скопје.
-Тој околу 12.20 часот на подрачјето на Чаир, по меѓусебно недоразбирање, физички го нападнал А.К.(36) од Скопје, му се заканувал со остар предмет и испукал од огнено оружје, при што никој не бил повреден, информира МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.