вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Расчистени седум кривични дела „тешка кражба“ во Кисела Вода, сторителот приведен

Расчистени седум кривични дела „тешка кражба“ во Кисела Вода, сторителот приведен

ЕВР Кисела Вода – Одделение за криминалистички работи Кисела Вода расчисти седум кривични дела „тешка кражба“ извршени во периодот од 10.06.2022 до 23.08.2022 година во фирма на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје.

-Сторителот Е.С.(27) од Скопје, како што известивме во претходното соопштение, беше лишен од слобода на 23.08.2022 по извршување на последното дело, при што кај него беа пронајдени одземените предмети и туби со нафта, кои беа вратени на сопственикот, велат од МВР.

Е.С. беше спроведен во полициска станица  и во службен разговор ги признал делата. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.