Денеска, во 13.20, на раните им подлегна 36 годишната пациентка, која беше во критична состојба. Веста ја потврди и директорот на Ургентен Центар, Илир Хасани.
Досега, од експлозијата на плинска боца во Романовце, животот го загубија три деца на возраст, од осум, девет и единаесет години и 58-годишен маж.
Во Ургентниот центар се наоѓаат и двајца други лица, кои се во тешка состојба. Двајца други пациенти се Клиниката „Свети Наум Охридски“.