Во Индустриската зона Жабени во Битола утрово се преврте автобус полн со работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“. Автобусот превезувал патници од третата смена кои требало да бидат пренесени во Битола.
Автобусот се превртел на излезот од фабриката, а пет лица биле пренесени во болница, но се надвор од животна опасност.