Од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ вчера во 19,17 часот пријавено е дека кај нив е донесен повреден А.Б.(18) од село Блаце, со убод од нож во пределот на ногата од страна на непознато лице пред училиште во општина Шуто Оризари.
На А.Б. му е констатирана телесна повреда во пределот на десниот колк, а како сторители се посочени неколку малолетници лица, додека како причината се наведува претходна расправија за девојка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.