четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се скарале за паркинг, па две лица истепале маж во Тетово

Се скарале за паркинг, па две лица истепале маж во Тетово

Тетовската полиција расчистува случај во кој 52-годишник од градот пријавил напад од две лица, а причината била расправија околу паркирање. Настанот се случил во неделата.

-Педесет и деветгодишниот тетовец А.Х. вчера (4 септември) во 20 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавил дека на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово физички бил нападнат од Н.А.(65) и О.А.(35), на што му претходела нивна меѓусебна расправија околу паркирање  возило. Во нападот, според пријавеното, О.А. употребил и остар предмет, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.