Двајца затвореници се степале денеска во затворот „Идризово” и со повреди завршиле во болница, дознава „Фокус”.
Информацијата ни ја потврдија од затворот и првично двајцата затвореници, едниот со повреди на главата, другиот на бутот се пренесени во болница.
Иако имаше шпекулации дека во тепачката учествувале осудениците за нападот во куманoвско Диво насеље, од раководството негираат дека повредените се од кумановската група.
Неофицијално, наводно затворениците се тепале со лопати и мотики, но официјална потврда нема.
Од затворот уверуваат дека ситуацијата е под контрола, затворска полиција била повикана од дома и сега состојбата била смирена.
Зошто се степале, со што се повредиле и кои биле осудениците ќе се знае утре кога се очекува целосен извештај од Управата за спречување на санкции.