четврток, 11. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија два „Мерцедеса“ – повредени три лица

Се судрија два „Мерцедеса“ – повредени три лица

На 26.06.2021 во 14,20 часот било пријавено дека во Струга, на локален пат за с.Радолишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(60) од с.Делогожда-струшко и патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки управувано од А.А.(39) од Струга.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ш. констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо-Охрид“, а со телесни повреди се здобиле сопатникот од истото возило Ш.К.(20) од Р.Албанија и возачот А.А. констатирани во Медицинскиот центар во Струга.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од  Полициската станица Струга.