вторник, 2. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија две возила: Ова се првичните информации за сообраќајката на правецот Куманово – Кратово

Се судрија две возила: Ова се првичните информации за сообраќајката на правецот Куманово – Кратово

АМСМ утрово соопшти дека поради случена сообраќајна несреќа, сообраќајот на патниот правец Куманово – Кратово, кај село Железница е во прекин во двете насоки.

Од МВР за Курир информираат дека сообраќајната несреќа е пријавена во 07:25 во која учествувале товарно возило и автомобил. Полицијата е на терен, во тек е увид.

Сообраќајот е се уште затворен, за евентуални жртви нема информации.

Повеќе детали наскоро..