сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија мопед, автошкола и товарно возило, едно лице повредно

Се судрија мопед, автошкола и товарно возило, едно лице повредно

Ф.А. (28) од Скопје е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 11:20 часот се случила на крстосницата од ул.„Пролет“ и ул.„706“ .

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале  товарно моторно возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Х.(50) од Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.А. и автомобил „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Т.(18) и совозач-инструктор Н.Ѓ.(39) двете од Скопје.

Ф.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.