петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија мотор „Хонда“ и „Фиат браво“- тешко повреден 29 годишен мотоциклист во Скопје

Се судрија мотор „Хонда“ и „Фиат браво“- тешко повреден 29 годишен мотоциклист во Скопје
илустрација

На 10.09.2020 во 21.45 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„11-ти Октомври, ул.„Даме Груев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(29) од Скопје и патничко моторно возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.