недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија трактор и мотор, повредените пренесени во Клинички

Се судрија трактор и мотор, повредените пренесени во Клинички

На 07.09.2021 околу 19,40 часот на пат помеѓу с.Пирава и с.Јосифово на место викано „Пиравски плантажи“ – Валандово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон„ без регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(81) од Валандово, и моторцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки управуван од В.М.(24) од с.Рабово, а на кој се превезувала и 17 годишна малолетничка од с.Јосифово, информира МВР.

По несреќата В.М. и малолетничката се пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Валандово.