На 16.07.2022 во 03.00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица- Радовиш, во близина на село Владиевци се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило “мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(50) од Велес, товарно моторно возило “ом“ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.М.(57) од с.Секирник-струмичко, како и патничко моторно возило кое напуштило лице место.
Во несреќата со повреди се здобиле возачите на двете товарни моторни возила, констатирани во Медицинскиот центар во Струмица, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Струмица.