недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Серија на апсења во Скопје и внатрешноста на земјата

Серија на апсења во Скопје и внатрешноста на земјата

На 14.04.2023 околу 23.00 часот на обиколница Скопје, на клучка Стајковци кон клучка Радишани, скопско, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(24) од с.Грчец, општина Сарај. Претходно, на клучка кај с.Арачиново тој не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници и со возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки продолжил со движење, при што од возилото фрлил ќеса со марихуана. Набргу, по преземени мерки од полициски службеници бил запрен, а дрогата била пронајдена и одземена. Е.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.04.2023 во 16.05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.Т.(27) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.04.2023 околу 21.15 часот на бул.„ВМРО“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишиле од слобода Е.М.(26) и Ф.А.(39), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 21.00 часот со употреба на сила влегле во подрумски простории во зграда на ул.„Орце Николов“ и одзеле предмети. Лицата биле задржани во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.04.2023 во 14:30 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.И.(33) од с.Палиград, скопско. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

На 14.04.2023 во 20.30 часот на подрачје на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Б.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.04.2023 во 01.25 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(20) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.04.2023 во 23.40 часот во тетовско Одри полициски службеници го привеле В.Д. (43),постапувајќи по пријава од страна на П.В. , директор на Клиничка болница Тетово дека В.Д.,вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата „тик ток” лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош.Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.04.2023 во 15.30 часот на магистралниот пат во близина на Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Х.Г.(39) и С.Ѓ.(38), двајцата од Охрид. При контрола во патничко возило „опел астра“, во кое биле двајцата, било пронајдено и одземено шише со непозната течност. Притоа, било констатирано дека С.Ѓ. бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен суд Охрид за издржување затворска казна и бил спроведен во Казнено-поправната установа во Струга за издржување на казната. По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.