среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Серија на апсења во Скопје и вовнатрешноста на земјата, меѓу нив и малолетник

Серија на апсења во Скопје и вовнатрешноста на земјата, меѓу нив и малолетник

На 10.06.2023 во 14.00 часот на подрачје на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(24) од с.Бојане, скопско. По извршени проверки било констатирано дека возилото „дачиа сандеро“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било пријавено за одземено од рент а кар компанија. Исто така, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 11.06.2023 во 00.10 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ј.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.06.2023 во 00.10 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.С.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.06.2023 во 03.45 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.06.2023 во 00.20 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Т.(21) од с. Жилче, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.06.2023 во 00.20 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ч.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.06.2023 во 22.10 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.06.2023 во 23.00 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош ја лишиле од слобода М.И.(41) од с.Истибања, виничко, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.06.2023 во 01.50 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М.(42) од с.Арачиново, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.06.2023 во 18.55 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.П.(23) од Косово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.06.2023 во 02.30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Л.(29) од Скопје затоа што кја него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.06.2023 во 03.00 часот во угостителски објект на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Т.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.06.2023 во 03.50 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.06.2023 во 23.30 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(25) од с.Страшинци, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.