сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец излетал од патот Скопје-Тетово, пренесен во Клинички во тешки повреди

Скопјанец излетал од патот Скопје-Тетово, пренесен во Клинички во тешки повреди

Возач е тешко повреден откако со автомобилот излетал од регионалнот пат Скопје-Тетово, во атар на селото Арнакија.

Од МВР информираат дека несреќата се случила вчера околу 14:45 часот кога Х.Ј.(51) од скопско Буковиќ управувајќи “Рено канго“ со скопски регистарски ознаки излегол од коловозот и се превртел.

-По незгодата со возило на итна медицинска помош Х.Ј. бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.