Скопјанецот А.И. (20) синоќа пријавил во полиција дека бил физички нападнат по случена сообраќајна несреќа.
Од МВР информираат дека во несреќата учествувале „фиат пунто“, кое го управувал А.И., автомобил „опела астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Г.(23) од Куманово и автомобил „масерати“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.А.(27) од Скопје.
По несреќата, скопјанецот бил нападнат пред сендвичара на „Партизански одреди“ од совозачот во „Масератито“ Г.Б.(38) од Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.