понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец пронајден мртов со прострелна рана во глава

Шеесет и две годишниот Ж.М. од Скопје бил пронајден мртов во својот дом ул. „Иван Наумов Алабакот“.

Случајот го пријавил неговиот внук Љ.П. вчера утрото кој го пронашол својот дедо мртов со прострелна рана од огнено оружје во главата.

-Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, информираат од полицијата.

По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.