Скопјанец е тешко повреден откако влета со автомобилот излетал од пат во близина на охридскиот аеродром.
-На 28.01.2022 година во 06.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај влезот за аеродромот во Охрид, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(64) од Скопје излетал надвор од коловозот, информира СВР Охрид.
Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид извршија полициски екипи од СВР Охрид.