вторник, 9. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец тешко повреден, излетале од патот Струмица-Берово

Скопјанец тешко повреден, излетале од патот Струмица-Берово

На 09.09.2021 година во 13.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Берово, кај место викано „Хамзали“, А.В.(41) од Скопје, управувајќи товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.П.(43) од Скопје, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.