На 10.02.2019 година околу 09:00 часот на обиколница од автопат „Мајка Тереза“, кај Смилковско езеро, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(35) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрва и ограда со метален столб.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Ј., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.