среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со мопед удрил во малолетничка: Возачот тешко повреден, девојчето со телесни повреди

Со мопед удрил во малолетничка: Возачот тешко повреден, девојчето со телесни повреди

На 05.07.2023 во 18.30 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Индира Ганди“, мопед „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Џ.(60) од Битола, удрил во малолетничка од Скопје.

-Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а малолетничката со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.