петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со секира му се заканувал на својот внук, па потоа ја навредувал полицијата- тетовец заврши зад решетки!

Со секира му се заканувал на својот внук, па потоа ја навредувал полицијата- тетовец заврши зад решетки!

Ноќеска, половина час после полноќ во Тетово од полициски службеници бил лишен од слобода И.И.(62) од Тетово , поради тоа што на 14 декември 2019 во 23:10 часот, А.И од Тетово пријавил дека во неговата куќа на ул.„Јане Сандански“ дошол неговиот чичко И.И со секира упатувајќи му закани по неговиот живот.

При обид да биде легитимиран од полициски службеници истиот одбивал и ги омаловажувал полициските службеници.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.