Дваесет и пет годишниот М.С. од скопско Петровец се здобил со повреди откако со неговиот автомобил „Пежо 206“ излетал од автопатот Скопје-Велес.
Како што информираат од МВР, несреќата се случила утринава околу 5:30 часот во близина на патарината Петровец кога возачот удрил во метален браник и жичана ограда.
-Притоа, возачот М.С. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување, информираат од полицијата.